Португалецот Абел Фернандо Фереира, би требало да биде новиот селектор на Бразил, пренесуваат медиумите во оваа јужноамериканска земја.
Испаѓањето од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство претставува ново разочарување за Бразилците на големите натпреварувања, а цехот за неуспехот го плати 61-годишниот Тите кој си поднесе оставка од селекторската функција.
Фудбалската федерација на Бразил најави дека за многу брзо време ќе го соопшти името на наследникот на Тите, а бразилските медиуми наведуваат дека убедлив фаворит за таа позиција е 43-годишниот Португалец Абел Фереира.
Фереира од 2020 година е тренер на Палмеирас и годинава триумфира и во бразилскиот шампиоинат и во Копа Судамерикана, второто по квалитет клупско натпреварување во Јужна Америка. Минатата година, триумфира и во јужноамериканската Лига на шампиони, Копа Либертадорес.
Пред Палмеирас, Фереира работеше како тренер во Б тимовите на Спортинг Лисабон и Брага, потоа на првиот тим на Брага, по што се сели во ПАОК за во 2020 година да седне на клупата на бразилскиот тим.