Во последно време се погласни се шпекулациите дека Луис Суарес зимава ќе се пресели во САД и ќе стане соиграч со Меси, Алба и Бускетс, во Интер Мајами. Такви најави денес пристигнаа и од Бразил, а ги пренесе ЕСПН.
Уругваецот во моментов настапува за бразилскиот Гремио, а тренерот на оваа екипа, Ренато Гаучо, за медиумите ја потврди оваа информација. Тој во неговата изјавата кажа дека на крајот од сезоната во бразилското првенство, односно во декември, Луис Суарес ќе направи трансфер во Интер Мајами.
Тоа би значело дека повторно во ист дрес ќе играат дури четворица поранешни фудбалери на Барселона, Меси, Алба, Бускетс и Суарес, а од клупата ќе ги предводи поранешниот тренер на “каталонците“, Херардо Тата Мартино.