Светското фудбалско првенство за ирачи до 17 години е во тек, а на мечот меѓу Бразил и Нова Каледонија беше поставен еден неверојатен скор. Нова Каледонија е селекција која е „топовско месо“ за ривалите, па по поразот од 10:0 во првото коло од Англија, сега загубија со 9:0 од Бразил.
Кариоките можеа и многу поубедливо да победат, посебно ако се знае дека младите фудбалери на бразилската репрезентација упатија неверојани 77 шута кон противничкиот гол. Од тие 77 шута, 23 биле во рамките на голот, 30 удари завршиле покрај голот, а 24 удари се блокирани.
Колку за споредба, Англија во првото коло беше многу поефикасна откако постигна 10 гола од 39 шута. Голманот на Нова Каледонија, Николас Куртан, во првите две кола прими дури 19 голови, но и покрај тоа, е најдобро оценет играч во оваа селекција.