Пилотите на Ферари беа најбрзи на двата слободни тренинзи на патеката во Остин каде в недела вечер ќе се вози Формула 1 трката за Големата награда на САД.
На првиот тренинг, најдобро време имаше Карлос Саинс, а на вториот Шарл Леклер. На Ферари добро „му легнаа“ гумите од Пирели кои тимот ќе ги користи во 2023 година. Официјалните квалификации се вечерва на полноќ, а Леклер секако нема да биде на пол-позиција, бидејќи е казнет со пет места поради промена на дел од моторот.
Ѕвезда на слободните тренинзи беше и актерот Бред Пит, кој посети неколку тимови. Пит беше во гаражата на Мекларен, потоа се виде и со шампионот Макс Ферстапен во гаражата на Ред Бул, а не ја пропушти шансата да оди и кај Ферари и да се слика со Леклер откако пилотот од Монако извозе најдобро од сите.