Екипите на Бреидаблик од Исланд и Будуќност Подгорица од Црна Гора ќе играат во финалето на претквалификацискиот турнир за Лигата на шампионите.
Шампионот на Црна Гора, Будуќност, со убедливи 3-0 го совлада Атлетик од Андора во првото полуфинале, додека домаќинот на турнирот, Бреидаблик, беше уште поубедлив и со 7-1 го декласира Тре Пене од Сан Марино.
Овие две екипи во петок ќе играат во финалето. Победникот патува во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а поразениот оди директно во второто коло од Конференциската лига, во делот на шампионите, и за можен противник ќе ја има поразената екипа од дуелот Струга – Жалгирис од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите.