Брегалница е новиот лидер во Втората фудбалска лига откако со пресврт стигна до победа од 1-2 на гости против Вардарски. Домаќините поведоа уште во првата минута со голот на Стефан Терзиев, но во второто полувреме Брегалница направи пресврт. Давид Калпачки и Рејан Абази ги постигнаа головите за триумфот на тимот од Штип.
Македонија ЃП не успеа да оствари победа втор натпревар по ред, откако одигра реми без голови на гостувањето кај Новаци.
Аресими ја совлада Победа со 1-2 на гости и сега е на второто место. Албин Рамадани и Бесарт Реџепи го донесоа триумфот на гостинскиот состав.
Кожуф, исто така, одигра нерешено 1-1 против ФК Скопје на стадионот „Автокоманда“.
ГФК Охрид забележа победа од 1-0 против Вардар Неготино, додека Детонит Плачковица на гости го совлада Осогово со 3-1. Каменица Саса, пак, пред своите навивачи славеше со 2-0 против Борец.
Во Куманово, Башкими и Беласица одиграа реми со резултат 1-1.