20.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Брегалница го смени тренерот Трајче Сенев

Фудбалскиот второлигаш Брегалница се раздели со тренерот Трајче Сенев. Оваа вест официјално ја потврди клубот.


Одлуката доаѓа по убедливиот пораз од Саса со 4-0, со што штипскиот клуб падна на третото место на табелата во Втората македонска лига.

Брегалница наведе дека со Сенев е постигнат спогодбен раскин на договорот.

Привремено, тимот ќе го предводи неговиот досегашен помошник, Ристе Наумов.

- Оглас -

Најнови вести