Чудо македонско – Второлигашите под рефлектори во Штип, елитата од Првата лига од 13 часот во четврт-финалето на Купот

Брегалница и Лабуништа денеска од 16.30 часот во Штип ќе ја почнат четврт-финалната пресметка во националниот Куп, а второлигашите сигурно ќе имаат еден претставник во полуфиналето и ќе продолжат да се надеваат на подвиг и прва круна во 28 изданија на најмасовното натпреварување. Интересно е што само единствената второлигашка пресметка денеска ќе се игра под рефлектори, а останатите три дуели меѓу прволигашите ќе почнат од 13 часот.

Досега ниту еднаш второлигашка екипа не го освоила пехарот, а подобриот од двомечот меѓу Брегалница и Лабуништа ќе биде во квартетот екипи што ќе останат во битка за тронот.

Таму сè уште е Академија Пандев, екипа што денеска ќе гостува во Скопје, кај Шкупи во едно од двете дербија во четврт-финалето. Лани Пандевци ја освоија круната со победа на пенали против Македонија Ѓорче Петров, па ќе се обидат да го одбранат пехарот.

Второто дерби ќе почне во истиот термин од 13 часот, а во Тетово Шкендија ќе му биде домаќин на Работнички. Шкендија има пет финалиња досега и две титули, а Работнички очекува осми пат да игра за пехарот како втора најуспешна екипа во купот со 4 круни, зад Вардар, кој има пет.

Прволигашка пресметка ќе има и во Струга, меѓу Трим Лум и Ренова, па и девте екипи имаат шанса да останат во игра за големото финале.

Двојки, први натпревари денеска од 13 часот: Шкендија – Работнички, Шкупи – Академија Пандев и Струга Трим Лум – Ренова. Од 16.30 часот Брегалница – Лабуништа, а во Sport Life проверете ја понудата за овие средби.

 

- Оглас -

Најнови вести