Фудбалските прволигаши денес ќе го одиграат некомплетното петто коло, кое ќе се комплетира дури во месец ноември со дуелот помеѓу Струга и Вардар, кој е одложен поради европските настапи на стружани.
Најинтересно се очекува да биде во Штип и во Маџари, каде ќе гостуваат непоразените Брера и Шкендија.
Брегалница е благ фаворит со квота од 2.45 во понудата на Sport Life против “максималната“ Брера која има четири од четири во досегашниот тек од првенството.
Максимален ефект има и Шкендија која ќе гостува во скопската населба Маџари против Работнички, но за разлика од Брера, тетовци се фаворити на овој дуел со квота од 1.80 за нивна победа и задржување на сто отстотниот ефект.
Неизвесен дуел се очекува и во Кратово, каде ќе се сретнат домашниот Силекс и освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Македонија ЃП. Кратовци се во мала предност според квотата.
Најмала квота за победа има екипата на Шкупи, која на “Чаир“ ќе го пречека новиот прволигаш Гостивар. Поранешниот шампион на Македонија лошо влезе во новата сезона и има само пет бодови од можни 12 после првите четири кола, па дуелот против Гостивар веројатно одлично ќе им дојде за излез од резултатската криза.