16.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Брегалница и Шкендија Арачиново без грешка, продолжуваат со трката за влез во прва лига

Брегалница и Шкендија Арачиново со денешните победи, уште повеќе се зацврстија на првото и второто место на табелата во Втората македонска фудбалска лига, а сега трети е Охрид кој има пет бодови помалку од штипјани и арачиновци.

Брегалница со 2-0 извојува победа на гости кај Големо Коњари, додека Шкендија со гол уште во 9-та минута, го совлада Осогово со 1-0.

Охрид беше најубедлив, со 6-1 ја разби Каменица Саса, и се искачи на трета позиција, симнувајќи ја Беласица која загуби од Победа со 1-2. За струмичани ова е трети пораз по ред, а денешниот пораз беше со примен гол во 91-ва минута.

- Оглас -

Најнови вести