Брегалница и Стеауа Букурешт одиграа 0-0 во пријателски натпревар во бугарскиот град Разлог. Штипјани беа подобри од романскиот второлигаш, имаа и една убава шанса во финишот, но сепак мрежата на Стеауа остана незатресена.
Стеауа која пред 36 години стана прв тим од источна Европа што го освоил Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони), после малверзациите на газдата Бекали, пред неколку години имаше спор, и го загуби правото на користење на амблемот и името, не дојде ни до фузија на двата правни субјекти со тоа име, па затоа во првата романска лига игра „вистинската“ Стеауа под името ФЦСБ, а клубот со име Стеауа Букурешт и понатаму си постои, но е второлигаш.