16.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

Брегалница Штип се вистински херои: Физички беа нападнати, но не се повлекоа и победија кај Шкендија Арачиново

Екипата на Брегалница Штип победи на жешкото гостување во Сингелиќ против Шкендија Арачиново со 2:1. За Шкендија ова е прв пораз сезонава, и тоа на домашен терен. Подвигот на штипјани е уште поголем ако се знае дека губеа со 1:0, но направија целосен пресврт и со три бода се враќаат од ова гостување.

Вистински херои се фудбалерите на Брегалница затоа што на крајот од првото полувреме еден гостински фудбалер беше физички нападнат од редар и тоа додека заминуваше кон соблекувалната. И покрај овој напад, гостите решија да не се повлечат и во второто полувреме се појавија на теренот, постигнаа втор гол и на крајот победија со 2:1.

Резултати од 13 коло: Беласица – Новаци 0:1, Детонит Плачковица – Преспа 1:1, Скопје – Тетекс 2:1, Осогово – Вардар Неготино 5:1, Победа – Кожуф 0:1, Слога Виница – Каменица Саса 2:6, Шкендија Арачиново – Брегалница Штип 1:2.

Табела: Шкендија А. 32 бодови, Брегалница 30, Охрид 27, Скопје 26, Беласица 25, Новаци 23, Детонит 21, Осогово 20, Кожуф 20, Каменица Саса 17, Тетекс 13, Преспа 10, Победа 10, Вардар Неготино 10, Слога Виница 4, Големо Коњари 3.

 

- Оглас -

Најнови вести