Поранешниот славен турски кошаркар Мурат Шамил Шен и официјално стана доминантен сопственик на Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип откако купи 52% од акциите. Останатите 48% остануваат во сопственост на Општина Штип, која ќе нема финансиски обврски кон сениорската екипа, но ќе помага во академијата на клубот.
Новиот сопственик на Брегалница најави дека клубот ќе има најмалку еден милион евра буџет оваа сезона, а амбициите се враќање во Првата лига. Штипјани испаднаа од прволигашката конкуренција во сезоната 2023/24, а минатата беа блиску до враќање, но слаби резултати во финишот од сезоната го оставија клубот на четвртата позиција во Втората лига, што не беше доволно ниту за пласман во баражот.