Брегалница со „еден во два“ пресврт славеше во Струмица, Силекс има што да каже и во прва лига

Штипска Брегалница славеше со 2-1 против Академија Пандев, и тоа откако по првото полувреме струмичани имаа предност од 1-0.

Во другиот денешен прволигашки меч, повратникот во елитата Силекс, со можеби изненадувачки убедливи 2-0 беше подобар од Работнички. За Романтичарите, ова е петти пораз по ред на гостувањата во Кратово.

Вчера, Струга ја совлада Победа со 3-0, а одложени се мечевите на Шкупи и Шкендија кои имаат дуели во европските купови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести