15.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Брегалница убедлива против Тетекс

Брегалница ја потврди фаворитската улога и во третото коло од Втората лига убедливо го совлада Тетекс со 6-1. Мечот практично беше решен на стартот од двете полувремиња, кога тимот на Влатко Костов постигна клучни погодоци.

Штипјани отворија силно и по низа шанси поведоа во 31-та минута преку Даниел Карчески, кој со прецизен удар ја затресе мрежата на гостите. Иако создадоа уште неколку изгледни можности, на паузата заминаа со минимална предност.

На самиот почеток од вториот дел Дарко Алексовски ја зголеми предноста на 2-0. Тетекс успеа да намали преку младиот Мисајловски, кој во 58-та минута со убав удар постигна погодок за 2-1. Но, веднаш потоа Тасев повторно донесе сигурност за Брегалница со третиот гол.

Во продолжението домаќините целосно доминираа. Карчески со прекрасен удар од дистанца постигна четврти гол, а потоа Демири со елегантен лоб го зголеми резултатот на 5-1. Конечните 6-1 ги постави Лука Бојаџиев во 76-та минута.

По ова коло, Брегалница, Шкендија Арачиново, Кожуф и Беласица се израмнети со по 7 бода, следени од Новаци и Детонит Плачковица со по 6. Единствен без освоен поен остана тимот на Големо Коњари.

- Оглас -

Најнови вести