Со вчерашниот натпревар меѓу Гостивар и Вардар кој заврши без победник 1:1, започна пролетниот дел од сезоната кој ќе понуди максимално неизвесна битка за титулата, но и за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Есенски шампион е Струга која во првите 18 кола освои 39 бода, еден повеќе од Шкупи и четири од Шкендија, додека Силекс кој е четврти заостанува 12 бода.
Интересна ќе биде битката за опстанок, со вчерашното реми на Вардар, Брегалница сега е последна со 17 бода, еден помалку од Црвено-црните, но денеска за противник го има Тиквеш од кого веќе пет години нема пораз во Штип.
Од 2019 година по последниот пораз на Брегалница на домашен терен од 0:1, досега овие два тима во Штип одиграа шест и штипјани славеа четирипати и двапати одиграа нерешено.
Квотата за да победат денеска изнесува 2.02, додека таа за Тиквеш да ја прекине лошата традиција изнесува 3.30.
Лидерот на табелата Струга ТЛ во првото коло му гостува на Работнички и според квотите е поблиску до бодовите (2.17), додека второпласираниот Шкупи е голем фаворит во дуелот со Воска (1.22).
Силекс кој во пролетниот дел од сезоната ќе биде предводен од Александар Васоски, во Кратово игра против Брера Струмица и ги има квотите на своја страна (1.73).