18.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Брегзитот ќе ги погоди клубовите кои ангажираат малолетни странци

Англиските клубови имаат на располгање само уште три дена за да привлечат млади таленти од Европа. Спортските адвокати од Островот предупредуваат дека по 31 јануари, кога Велика Британија ќе излезе од Европската унија, нема да може да купуваат малолетни играчи, иако некои клубови веруваа дека ќе можат да привлечат млади играчи и за време на летниот трансфер-прозорец.

Во минатото имаше примери со Пол Погба, Сеск Фабрегас, Ектор Белјерин и други кои во Англија заминаа пред да наполнат 18 години. Челзи неодамна го зеде 16-годишниот Тромсо Брајан Фијабема.

„Има сериозно недоразбирање. Би ги посоветувал клубовите веднаш да купат некој играч кој планираат да го земат и да не чекаат. ФИФА нема конкретни насоки”, вели адвокатот Џејк Коен.

Светската фудбалска федерација, ФИФА, забранува трансфери на играчи под 18 години, освен ако двата клуба не се од земји-членки на ЕУ или Европската економска зона. По 31 јануари, Велика Британија ќе ги напушти и двата блока.

- Оглас -

Најнови вести