Легендарниот НФЛ-играч Том Брејди и на 45 години блеска и го предводи својот тим во нови победи. Тампа беј славеше со 16:13 против Лос Анџелес ремс, а Брејди во клучната акција за победата имаше четири успешни додавања. На крајот Брејди го пронајде Кејд Отон, кој направи тачдаун за победа.
На овој меч, Брејди, кој има неверојатни бројки во НФЛ кариерата, постави уште еден рекорд. Тој стана првиот квотербек кој успеал да ја надмине бројката од 100.000 јарди во додавања.
„Неверојатно чувство, едноставно неверојатно. Сепак, рекордите многу не ме интересираат, најважно е што победивме“, по мечот коментираше Брејди, кој е седмократен освојувач на Суперболот, петкратен МВП на Суперболот, трократен МВП на НФЛ, како и најдобар квотербек во историјата на оваа игра.
Tom Brady becomes first QB in NFL history to throw for 100,000 yards#NFL #NFLTwitter #tombrady #brady pic.twitter.com/F36Qdn427B
— FirstSportz NFL (@FirstSportz_NFL) November 7, 2022