2.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Бремер двоен стрелец, Јуве убедлив против Парма

Неделната програма од 23-тото коло во италијанската Серија А заврши со натпреварот на „Енио Тардини“, каде Јувентус како гостин ја совлада Парма со убедливи 1-4. Со оваа победа, Јуве сега има 45 бода на четвртото место на табелата, додека Парма остана на шестнаесеттата позиција со 23 бода.

Подобрата игра на Јувентус од почетокот на мечот донесе водечки гол веќе во 15-тата минута. Консеисао изведе корнер од левата страна, Бремер високо скокна во казнениот простор и со удар со глава ја затресе мрежата за 0-1.

Јувентус имаше шанса да ја удвои предноста во 20-тата минута, кога Дејвид влезе во шеснаесетникот на домаќините и можеше да шутира, но се обиде да асистира за Консеисао и погреши.

Сепак, во 37-та минута, Меккени не погреши. Убав напад на Јувентус преку Локатели, Дејвид и Калулу, кој проби по десната страна и центрираше, а Меккени со удар со волеј ја смести топката во мрежата за 0-2.

Резултатската неизвесност ја врати автоголот на Камбијасо по неполни шест минути од второто полувреме, кога Парма намали на 1-2, но брзо следеше одговор на Јувентус. Само три минути подоцна, Бремер го постигна својот втор гол за 1-3, а конечниот резултат 1-4 го постави Џонатан Дејвид во 64-та минута.

- Оглас -

Најнови вести