Во стан во Њујорк, запленети се 50 пакетчиња со кокаин брендирани со амблемот „ЦР7“ како потврда за квалитетот. Брендот на Кристијано Роналдо се користи на црниот пазар, нормално тој нема никаква врска со тоа, но со сигурност е нешто што не го посакува.
Според извештајот на полицијата во Њујорк, во стан на седми кат од здграда во предградието Квинс, уапсени се две лица кои поседувале до 50 килограми од тешките наркотици со брендот на португалската фудбалска ѕвезда.
„Пронајдени се 50 пакетчиња со кокаин со тежина од по еден килограм, сите брендирани со амблемот „ЦР7“. Уапсени се двајца осомничени кои покрај наркотиците, поседувале околу 200.000 долари во кеш како и огненни оружја“, стои во извештајот.
Does CR7 sound familiar? Drug traffickers will use famous names, things, people to brand their drugs.
Read more….https://t.co/gZ5A5IPAvs@snpnyc @nyspolice #dea #ny #cocaine #cr7 pic.twitter.com/E2sHBAtRUe— DEANewYork (@DEANEWYORKDiv) April 1, 2021