Управата на Брентфорд одлучи да го продаде својот најдобар играч Ајван Тони на тимот кој ќе плати 100 милиони евра во зимскиот преоден рок.
Иако управата на Брентфорд сака да го задржи напаѓачот до крајот на сезоната, поради големиот интерес на англиските екипи за Тони, одреди цена од 100 милиони евра за трансфер во зимскиот преоден рок.
Најголем интерес за Тони пројавуваат Арсенал, Челзи и Манчестер јунајтед, но немаат намера да платат колку што бара Брентфорд. Лондонските екипи се подготвени да платат најмногу 60 милиони фунти отштета, додека Јунајтед нуди 10 милиони повеќе.
Тони сезонава нема одиграно ниту еден натпревар за Брентфорд поради суспензијата која му ја изрече Премиер лигата поради обложување на натпревари од англиските лиги. Казната му истекува на 16 јануари 2024 година. Напаѓачот во последните три сезони за Брентфорд во Премиер лигата постигна 65 гола и има уште 19 асистенции.