11.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Брентфорд ги зголеми маките на Вест хем (Видео)

Брентфорд оствари важен триумф (0-2) на гости кај Вест хем и побегна подалеку од опасната зона на табелата во Премиер лигата. Продолжува мизеријата на Вест хем, кој останува само со четири бода на 19-тата позиција и со многу грижи околу опстанокот.

Игор Тијаго во 43-тата минута донесе водство за Брентфорд, а на истекот на првиот дел постигна уште еден погодок, кој сепак не беше признат поради офсајд-ситуација.

Вест хем не најде начин да стигне до израмнување, па гостите во судиското продолжение постигнаа и втор гол. Триумфот го завери Матијас Јенсен во 93-тата минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести