Фудбалерите на Брентфорд направија големо изненадување и го победија Нотингем форест со 0-2 на гостински терен во Премиер лигата. Со овој меч е комплетирано 34-тото коло, после кое е јасно дека нѐ очекуваат пеколни четири кола во битката за пласман во Лигата на шампионите.
Во пол-позиција е Њукасл со 62 бода на третата позиција, бод повеќе од Манчестер сити на четвртото место. Следуваат Челзи и Нотингем форест со по 60, а Астон вила има 57. Пласман во Лигата на шампионите ќе има за најдобрите пет екипи од Премиер лигата, но во елитната конкуренција може да се најде и Манчестер јунајтед или Тотенхем доколку ја освојат Лигата на Европа.