14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Брентфорд има напаѓач каков што не се памети во Англија

Ајван Тони од Брентфорд сезонава во втората англиска лига, позната како Чемпионшип, постигна 31 гол, што е нов рекорд во ова натпреварување со долга традиција.

Тони кој три години беше член на Њукасл, но не доби шанса таму, потоа замина во третолигашот Питерборо, а сега има 25 години и за него се интересираат многу клубови, најмногу Челзи кој бара замена за Тами Абрахам кој треба да си оди, и Вест Хем чиј тренер Дејвис Мојс за Тони мисли дека е напаѓач каков што им треба.

Неговиот трансфер во поголем клуб е сигурен ако Брентфорд не влезе во Премиерлигата. Брентфорд ќе игра плејоф за влез во елитата. Претходниот голгетерски рекорд во Чемпионшип го држеше Глен Мареј со 30 голови во една сезона.

- Оглас -

Најнови вести