Брентфорд вечерва се простува од стадионот на којшто играше 116 години

Дуелот помеѓу Брентфорд и Свонси закажан за вечерва од 20.45 часот нема да биде само битка за пласман во финалето за влез во Премиер лигата, туку ќе биде историски бидејќи за последен пат ќе се игра на „Грифин парк“, стадионот кој е дом на Пчелите од 1904 година.

Секој почеток има и свој крај, па дури по 116 години, Брентфорд ќе се пресели. Овој стадион беше познат по тоа што на четирите агли од надворешноста, имаше четири пабови. Еден од тие пабови се вика Грифин, а така и стадионот го доби името.

Затоа мотивите на Брентфорд за победа ќе бидат огромни. На домашните не им треба каква било победа, туку изразена со два гола разлика бидејќи Свонси го доби првиот меч со 1-0. Штета што ќе се игра без публика, но триумф и дуел на „Вембли“ веројатно против Фулам би бил простување од соништата на клубот со неговиот стар стадион.

Последниот меч со публика беше во март и Брентфорд победи со 5-0.

Од следната сезона клубот од западен Лондон како домаќин ќе игра на модерен „Брентфорд комјунити“ стадион со капацитет од 17.500 седишта. Можеби по 73 години ќе се вратат во елитата, па на овој стадион ќе гостуваат Ливерпул, Сити, Јунајтед, Арсенал, Челзи и останатите премиерлигаши.

 

- Оглас -

Најнови вести