Брентфорд го посрамоти Манчестер јунајтед со убедливи 4-0 во мечот од второто коло во Премиер лигата. Пчелите потполно го уништија 20-кратниот англиски првак за огромно задоволство на домашната публика.
Сите погодоци од мечот Брентфор – Манчестер јунајтед (4-0)
Дефитивно ќе се смета за изненадување на колото, иако Црвените ѓаволи го претрпеа вториот пораз по исто толку натпревари во англискиот шампионат. Тимот од Лондон ја забележа големата победа на посебен стил, со остварување какво што забележале само Ливерпул и Тотенхем кога во прашање се пресметки против Манчестер јунајтед.
Брентфорд е само трета екипа која успеала да погоди во четири наврати во прво полувреме против Јунајтед во премиерлигашки меч. Тотенхем, го направи тоа во октомври 2020 година, а Ливерпул во октомври 2021.