1804 Гројтер фурт – Борусија Дортмунд (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
Милионерите се една од омилените екипи на обложувачите за игрите на голови, а ретко ги изневеруваат очекувањата, па и даваат и примаат многу погодоци.
Гостите со победа ќе го осигураат второто место во Бундеслигата, а Гројтер веќе е испаднат, па мечот има карактер на ревијален и ветува многу голови.
Борусија има доста повредени играчи, можно е и голгетерот Ерлинг Халанд да не игра, бидејќи се жали на повреда, но и тоа нема многу да ги смени работите и очекуваме дека ќе има најмалку два гола во првиот дел и барем четири на целиот меч.
Предлог тип: 2+I&4+ (2.40)
1001 Брентфорд – Саутемптон (Англија, Премиерлига, 16 часот)
Саутемптон често знае да одигра нерешено и со 13 мирољубиви исходи, заедно со Барнли е зад рекордерите Брајтон и Кристал палас, екипи кои ремизираа по 14 пати, што е најмногу сезонава во Премиерлигата.
Домаќините се во подобра форма, но имаат два меча по ред без победа и не им е сигурен опстанокот.
Саутемптон не победил никого три кола по ред, а имаат ист број на бодови, 40 како и Брентфорд.
Ова е меч што не смее да се загуби за да не се влезе во опасните води за испаѓање од Премиерлигата, а реми совршено им одговара и на двете екипи.
Предлог тип: Х (3.35)
3005 Саусоло – Удинезе (Серија А, Италија, 18 часот)
Ова е меч на престиж на две екипи од средината на табелата. И Саусоло и Удинезе не можат да испаднат, ниту да конкурираат за место во европските купови, па можат да одиграат без императив.
Обично на ваквите натпревари има доста голови, а ефикасноста на двете екипи, но и скромните одбрани ветуваат гол-шоу на Мапеи.
Лани во Удине мечот од првиот дел на сезоната заврши со победа на Зебрите од 3:2, а типуваме дека и сега ќе има голови и во двете полувремиња, но не повеќе од три и во првиот и во вториот дел.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.80)
1006 Ливерпул – Тотенхем (Англија, Премиерлига, 20.45 часот)
Ливерпул е во страшна серија и има само еден пораз во 2022 година, тој од Интер на 8. март во меч од Лигата на шампионите.
Црвените од „Енфилд роуд“ се уште се надеваат на четири пехари сезонава и за да остане сонот реален денеска мора да го победат Тотенхем.
Предност на гостите од Лондон е што се многу подоморени од ривалот, бидејќи Ливерпул игра на многу фронтови, а притисокот за избраниците на Јирген Клоп е голем.
Тотенхем го нема победено Ливерпул на 9 натпревари по ред во различни натпреварувања, но знае да постигнува голови во дуелите со 19-кратниот шампион на Англија.
Предлог тип: 1&ГГ (2.90)
1611 Бетис – Барселона (Шпанија, Ла Лига, 21 часот)
Бетис и Барселона играат ултра-ефикасни натпревари и на последните 7 пресметки дури трипати имаше 7+, што е со висока квота и сега и изнесува 17.3 во Sport Life.
Барса двапати победи со по 5:2, а еднаш Бетис славеше со 4:3. Имаше и неколку дуели со по пет гола.
Само важноста на дуелот, особено за Бетис може да биде пречка да гледаме нова голеада, која сепак не е исклучена.
Бетис е на крилјата на големиот успех, откако го освои пехарот во Копа Дел Реј, но и денеска им треба победа за да останат во трката за место што води во Лигата на шампионите.
Барселона ќе сака да го задржи второто место, а за тоа ќе им треба да не загубат, на меч за кој типуваме дека ќе има најмалку 3 гола.
Предлог тип: 3+ (1.73) Супер тип на Sport Life