Пелистер победи во Струмица со 2-1 против Брера, со што се комплетираше второто коло во Првата македонска фудбалска лига.
За пелистерци ова е прв триумф во Струмица после седум години, а победата ја остварија со голови во второто полувреме. Најубавиот погодок беше на Филип Антовски од Брера, но тоа е слаба утеха за домашните.
Сега битолчани имаат три бода, а Брера остана на нула, и на дното е во друштво на Шкупи и Македонија Ѓорче Петров.