Брера со триумф и три бода го отвори новиот шампионат на Македонија. Струмичкиот прволигаш на домашен терен, на стадионот „Благој Истатов“ го совлада Вардар со 3-1.
Ѓорѓе Ивковиќ донесе водство за Брера уште во третата минута, а Вардар израмни преку Закариќ во 29.минута.
На почетокот на вториот дел Ивковиќ повторно беше стрелец за Брера откако погоди во 53.минута, а последниот погодок за потврда на триумфот го постигна Олаосебикан.