16.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Брера го шокираше лидерот, Работнички и Македонија ЃП одиграа без голови

Брера направи големо изненадување со триумфот од 2-4 во Струга против актуелниот лидер на табелата во Првата лига. Тоа е прв пораз за стружани во шампионатот.

Брера уште од стартот најави изненадување, постигна два гола во третата и во седмата минута преку Наумчески и Стојанов. Возврати Струга ТЛ во 11-тата минута со голот на Зенку, но потоа следеше уште еден шок и трет гол за Брера.

Бесмир Бојку постигна спектакуларен гол од 30 метри, но во вториот дел сепак Струга ТЛ не успеа да дојде до пресврт. Брера постигна четврти гол и го потврди триумфот.

На Арената Тодор Проески во Скопје, Работнички и Македонија ЃП одиграа без голови.

- Оглас -

Најнови вести