8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Брера и Работнички го отвораат новото коло во Првата фудбалска лига

Работнички се надева дека може да го избегне најлошото, испаѓањето од елитата, а Брера сака да го продолжи позитивниот тренд од првите две пролетни кола. Со дуелот на овие два тима во Струмица, денеска (14 часот) стартува новото 19-то коло од Првата фудбалска лига.

Брера е умерен фаворит, со оглед дека игра на домашен терен, но Работнички најавува дека ќе оди на победа.

„Немаме избор, Работнички мора да почне да победува, и тоа веднаш. Свесни сме за тоа и сѐ ќе сториме да почнеме да освојуваме бодови уште од денешниот натпревар со АП Брера. Тие се во позитивен налет, но ние конечно треба и на теренот да го покажеме и квалитетот што го поседуваме и да стигнеме до победа. За нас секој натпревар до крајот на првенството ќе биде борба на сѐ или ништо“, порачува Ермедин Адем, искусниот играч за врска на Работнички.

Работнички е претпоследен на табелата само со седум освоени бода, додека АП Брера се наоѓа на шестото место со 23 бода.

Натпреварот меѓу АП Брера и Работнички ќе се одигра денеска, со почеток во 14 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

 

- Оглас -

Најнови вести