Брера и Струга Трим Лум одиграа натпревар без голови во Струмица во 21-вото коло од Првата фудбалска лига. Иако и двете екипи имаа неколку изгледни шанси, на крајот затаи реализацијата.
Стружани имаа поголем посед, создадоа неколку шанси преку Компаоре, Малески и Јевтоски, но не го отворија резултатот.
Не беше без шанси и Брера, а најголемата можност ја имаа Никола Величковски и Леонардо Петровиќ во 52-рата минута, но голманот на Струга, Васко Василев, одлично интервенираше.
Во завршницата, Струга Трим Лум притискаше да дојде до предност, но сепак остана почетниот резултат.
Башкими славеше против Шкупи со 0-2. Овој меч се одигра во Куманово, а формално домаќин беше Шкупи. Ор и Рибеиро беа стрелци на головите за Башкими во второто полувреме.

