26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Две нови големи засилувања за Брера

Македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица доведе уште две нови засилувања пред почетокот на новата сезона во Првата лига. Струмичкиот клуб ги промовираше левиот бек Филип Антовски и играчот од средниот ред, Димитар Тодоровски.

Филип Антовски во 2023 година настапуваше во Карвина во Чешка, а сега се враќа во македонскиот шампионат.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија потекнува од Вардар, а потоа направи трансфер во вториот тим на Динамо Загреб. Играше и како позајмен во Славија Софија, потоа во Б – тимот на Австрија Виена, а го носеше дресот и на хрватскиот тим Истра.

Второто ново име во тимот на Брера е Димитар Тодоровски. Тој доаѓа од Работнички и е младински репрезентативец на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести