Брера се засили со колумбиски интернационалец

Македонскиот прволигаш Брера продолжува да ангажира засилувања за новата сезона во Првата фудбалска лига. Нов играч на струмичкиот тим е Јорк Бецера, кој доаѓа од колумбискиот тим Реал Картагена.

Бецера игра во средниот ред и треба да ја зголеми конкуренцијата на позицијата последен играч за врска.

Нов фудбалер на Брера е и Самуел Наков, кој има македонско и шпанско државјанство. Тој склучи договор за Брера откако минатата сезона настапуваше за второлигашот Дунав Русе во Бугарија, каде што имаше девет настапи.

Брера во првото коло оствари триумф над Брера на домашен терен, а в недела ќе гостува кај Силекс во Кратово.

- Оглас -

Најнови вести