Во дуел на две екипи кои се борат за опстанок, Брера со 2:0 славеше на гостувањето кај Арсими, во меч од 18-тото коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со оваа победа, Брера стигна до 23 бода и сега е на петтото место на табелата, додека Арсими е седмопласиран со 22 бода.

Победата на струмичани беше најавена во 23-тата минута, кога Петровиќ погоди за водство од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел Арсими се обидуваше да израмни, но откако домаќините промашија неколку шанси, во финишот од средбата, односно во 90+3 минута, по еден одлично организиран контранапад, Брера погоди за 2:0 и потврда на победата.

