Брестовац: Болните порази од Шведска и Египет нека ни послужат како лекција

И во вториот меч од групната фаза, Македонија претрпе дебакл со 38:19 од домаќинот Египет. Ракометарите буквално беа надиграни уште во првото полувреме во кое реализираа сиромашни шест погодоци, а го претрпеа вториот најтежок пораз во историјата на мак-ракометот на Светските првенства.

Данило Брестовац, селекторот на Македонија, посочи дека неговите избраници не се ментално подготвени за вако тип на големо натпреварување, но верува дека Чиле може да се совлада во последното коло.

„Имавме малку време да се подготвиме за Мундијалот, а повеќето од ракометарите не беа ментално подготвени за едно големо натпреварување. Сепак, мислам дека можеме да ја надиграме селекцијата на Чиле и да се пласираме во следната фаза. Верувам дека до тој меч ќе се подготвиме и физички, но и психички, а болните порази од Шведска и Египет нека ни послужат како лекција“, истакна Брестовац.

Македонија против Чиле ќе се сретне на 18 јануари во 15:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести