Брестовац ги одбра двајцата играчи кои нема да играат против Украина

Мартин Серафимов и Мартин Томовски се двајцата играчи кои нема да бидат во составот на Македонија за утрешниот меч против Украина. Селекторот Данило Брестовац се реши за составот од 16-мина играчи, а во него немаше место за младите Серафимов и Томовски кои ќе останат на трибините.

Македонија и Украина досега играле четирипати, а интересно е што билансот е израмнет. Двете селекции имаат по една победа, а два меча завршиле нерешено. Сепак, капитенот Кирил Лазаров смета дека Македонија утре е фаворит и дека може да очекуваме победнички старт на Европското првенство во Виена.

Дуелот се игра утревечер во 20:30 часот, а се очекува Македонија да има поддршка од околу 3.000 навивачи.

 

- Оглас -

Најнови вести