Брестовац го скрати списокот, пречкрта двајца стандардни репрезентативци

Искусниот голман Борко Ристовски и крилото Гоце Георгиевски, кои досега беа стандардни во сениорската ракометна репрезентација на Македонија, нема да играат на претстојните мечеви со Финска и Швајцарија од квалификациите за ЕП 2022. Селекторот Данило Брестовац списокот го скрати на 19 кандидати, а на листата ги нема популарните Борко и Џомба.

Иако беше најавено дека членовите на Вардар 1961 можеби ќе немаат право да настапат поради изолацијата, сепак, Брестовац на располагање ќе ги има Стоилов, Кизиќ, Талески и Мишевски

Првиот квалификациски натпревар Македонија го игра на 4 ноември (среда) во 20 часот против Финска, а вториот против Швајцарија во градот Цуг, в сабота со почеток во 18.30 часот. Најавени се директни преноси на МРТ 1. Во групата 7 е и Данска, а пласман на ЕП обезбедуваат двете најдобропласирани селекции од секоја од осумте квалификациски групи, како и четири најдобри меѓу третопласираните селекции во групите.

- Оглас -

Најнови вести