Македонската ракометна репрезентација ја исполни главната цел на Светскто првенство во Египет, а тоа е пласман во главната фаза. Селекторот Данило Брестовац е задоволен и цврсто стои на неговата одлука на овој Мундијал да се промовираат неколку нови млади ракометари.
Нашата репрезентација убедливо ги загуби првите два меча од Шведска и Египет, а потоа со три разлика го победи Чиле. Танкоски, Костески, Мишевски и Цветан Кузманоски се дел од младите играчи кои се промовираа на овој Мундијал.
„Не може да го споредуваме дуелот со Чиле со претходните два. Се работи за поинаков начин на подготовка, тука беше и процесот на аклиматизација на условите. Сега е поинаку. Не се сомневав дека ќе го победиме Чиле. Учен од претходните два меча на момент ме исплаши тимската рекација. Сепак остваривме тимска победа, секој го дадеме својот оптимум во даден момент, одигравме добро потпрени на постарите ракометари и на голманите. Секако ова не е максимумот, но презадоволен сум од настапите на одреден играчи. Мислам дека вие, но и јавноста почнавте да им верувате на младите играчи“, изјави Брестовац на пресконференцијата.
Македонија сега ја очекуваат три нови меча во главната фаза. Првиот дуел го играме утре во 15:30 часот против Словенија, а потоа следуваат и дуелите против Русија и Белорусија.