Македонската ракометна репрезентација прими 32 гола во дуелот со Шведска, а постигна скромни 20, но после мечот сите зборуваа дека одбраната не била на потребното ниво и дека избраниците на Данило Брестовац биле многу нежни со Швеѓаните.
Денеска Македонија игра со домаќинот Египет кој е цврста екипа и против нив ќе мора да се игра агресивно и поцврсто ако сакаме поволен резултат. Селектор на Египет е Шпанецот Парондо кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите и беше помошник во националниот тим, многу добро ги познава нашите ракометари.
„Египет има силна репрезентација, физички се силни. Против Швеѓаните избегнуваваме контакти, физички дуели. Потфрливме во некои елементи и работи кои се учат во младинските категории. Сепак, верувам во моите играчи и очекувам подобра игра. Не смееме да избегнуваме физички дуел како што беше тоа против Шведска. Се надевам на добар резултат“ – вели Брестовац.
Во 1999, Фараоните победија со 30-24, што укажува дека веројатно не смееме да примиме толку многу голови ако сакаме победа или барем нерешен резултат.
Обложувалниците Sport Life хендикепот го поставија на 29,5 гола, што значи дека доколку сакате да се обложите на играта колку гола ќе даде Египет, ќе треба да се решите дали тоа ќе биде до 29, или 30 и повеќе голови.