На ЕП 2022 одат првите две од групата, а може и третото место да биде доволно ако тимот се најде меѓу четирите најдобри третопласирани од осумте групи.
„Можеше да биде и подобро и полошо. Данска е фаворит, но и ним не им се даваме, особено дома, а против другите две селекции одиме на победа и дома и на гости. Во Швајцарија ќе имаме поддршка од трибините. Стартуваме дома против Финска, верувам дека ќе победиме“, вели Брестовац.
Македонија е редовен учесник на европските шампионати од 2012 наваму. Традицијата вели дека Данска никогаш не сме ја победиле, со Финска никогаш не сме играле, а со Швајцарија сме играле повеќе пати и имаме позитивен биланс.