Селекторот на македонската репрезентација Данило Брестовац вели дека нервозата која започнала да се чувствува пред крајот на првото полувреме е причина за поразот.
„Мислам дека Австрија игра еден добар турнир. Во овие три меча се обидов да направам хемија меѓу постарите и помладите. Имаше периоди кога тоа успеваше личеше квалитетно, добро, но во друг дел беше лошо. Во овој меч по кој знае кој пат имавме слаба реализација. По 20-тина минути почна да преовладува нервоза, која нѐ чинеше пораз на овој меч“, вели Брестовац.
Филип Кузмановски жали затоа што навивачите направиле одлична атмосфера, но не биле наградени за тоа на крајот.
„Честитки на Австрија. Жално е што ја пропуштивме оваа шанса. Откако сум во репрезентацијата ова е најлесната група во едно натпреварување. Секој мислеше дека е фаворит. Жално е за сите навивачи кои дојдоа ни пррушија добра атмосфера и направија да уживаме во текот на сите три меча во добра атмосфера. Нема да се предадеме главата горе и продолжуваме“, вели Кузмановски.
Селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ беше воодушевен што неговиот тим заврши со три победи во групната фаза.
„Одигравме добро во одбраната 5-1 против Лазаров. Во одбраната се боревме, игравме цврсто тоа ни донесе многу лесни голови. Во второто полувреме беше неверојатно. Брзо стигнавме до 7-8 гола предност. Во три меча имаме три победи и тоа е“, вели Пајовиќ.