Голманот Мартин Томовски од Металург и Мартин Манасков од Пролет се нови имиња на списокот на машката репрезентација на Македонија, а од листата дадена завчера го нема Горан Крстевски, кој има повреда на рамото.
Селекторот Данило Брестовац беше принуден да направи промени во својот избор во пресрет на квалификациските натпревари против репрезентацијата на Исланд за пласман на ЕП 2020.
Собирот на ракометарите е закажан за понеделник (8 април), со почеток во 13:30 часот во хотелот „Александар палас“ во Скопје.
ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА СОБИР: Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Бојан Маџовски, Филип Талески, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Кирил Лазаров, Мартин Манасков, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Марио Танкоски, Димитар Димитриоски, Томислав Јагуриновски, Филип Кузмановски, Милорад Кукоски.