Брестовац раскина со Металург

По вечерашниот пораз на домашен терен од Еурофарм Работник, тренерот на Металург и македонски селектор Данило Брестовац си поднесе оставка од функциjата прв тренер на клубот од Автокоманда.

Иако беше договорено да остане до јуни, а потоа да се посвети на националниот тим, Брестовац реши малку порано да го напушти клубот и целосно да се фокусира на репрезентацијата.

Помошникот Оливер Димитриески најверојатно ќе ја води екипата на натпреварот против Пролет од третото коло во плејофот на 7 април.

В понеделник Брестовац ќе прозива на првиот собир на националната репрезентација пред двата натпревари против Исланд на 10 и 14 април.

 

- Оглас -

Најнови вести