Македонската ракометна репрезентација конечно се израдува на Светското првенство во Египет, откако со 32:29 го победивме Чиле. Нашата репреентација во поголем дел од второто полувреме имаше водство, но тоа беше со повеќе од четири разлика (27:23).
Чиле намали на два разлика 28:26 и 29:27, а нашиот селектор Данило Брестовац повика тајм-аут на кој имаше многу што да им каже на ракометарите.
„Ајде ве молам да играте со глава момци“, беше првиот совет кој им го кажа селекторот на играчите. Целиот тајм-аут може да го видите ТУКА.