Брилијантен е Кулушевски – Погледнете што ѝ направи на одбраната на Верона (Видео)

Дејан Кулушевски уште еднаш со брилијантни потези и прекрасен гол по соло-акција покажа зошто шампионот Јувентус даде 35 милиони евра за да го донесе во своите редови.

Шведскиот репрезентативец, кој има настапи за Македонија во младинските категории, одигра неверојатна соло-партитура во 14-тата минута, ја измеша одбраната на Верона и погоди искусно во манир на расен стрелец.

Голот на Кулушевски можете да го погледнете ОВДЕ.

Прекрасна акција и гол на 20-годишниот играч на Парма, кој е веќе ново засилување на Јувентус со потпишан договор вреден 35 милиони евра, или со бонуси околу 44 милиони евра.

Ова за Кулушевски е седми гол сезонава, а има и 7 асистенции во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести