Британика на Спортска прогноза – Идеално коло за фановите на островскиот фудбал

Тековното 16-то коло во третата сезона на Спортска прогноза е исклучително интересно, а доминираат натпреварите од Велика Британија и ги има дури 8 за прогнозирање на популарната Тринаесетка.

Почетокот на натпреварите и крајниот рок за вашите прогнози е 13.30 часот во сабота, со дуелот меѓу Лестер и Манчестер јунајтед, битка на второ и третопласираната екипа во Премиер лигата.

Од најсилното англиско првенство има уште пет натпревари, што е предизвик, особено за фановите на островскиот фудбал да се обидат прецизно да ги погодат исходите на дуелите во битката за главната премија, „ајфон 11“.

Тука е и натпреварот од Чемпионшип меѓу Нотингам форест и Бирмингам и шкотската пресметка меѓу Данди јунатед и Мадервел, што го комплетира октетот од Велика Британија во нашата понуда во 16-тото коло на Спортска прогноза.

Интересно ќе биде и турското дерби меѓу Трабзонспор и Галатасарај, има и мечеви од Серија Б во Италија и два белгиски дуели од Жупилер лигата.

Идеална шанса за сите што ќе учествуваат во ова коло да се освои прекрасниот мобилен телефон, што стандардно е награда во секоја рунда го доделуваат Sport Life и Спорт Манија, како организаторите на бесплатната игра.

Важно е да се погодат и двата резервни пара, а и тие во ова коло се од Премиер лигата и се бројат за Генералниот пласман.

Во минатото коло дури 23-ца прогнозери веќе ја минаа котата од 100 поени, а разликата меѓу лидерот и прогнозерите во Топ-10 е само 3 поени, што најавува битка до последен здив за трет шампион на Спортска прогноза.

На крајот на сезоната најдобриот прогнозер ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди и за следните четворица најдобропласирани во Генералниот пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести