Британска пресметка во Глазгов, Манчестер јунајтед по победа во Чешка (Фото)

6037 Глазгов ренџерс – Тотенхем (21:00)

Еден од најинтересните натпревари во европските фудбалски купови вечерва е британскиот дуел помеѓу Глазгов ренџерс и Тотенхем. Гостите се фаворити, но и домашните имаат своја математика на овој меч. Двете екипи имаат по 10 бода во Лигата на Европа, но квалитетот секако дека е на страната на Тотенхем, екипа која оваа сезона успеа да го совлада Манчестер сити на гости со 0-4. Пред две години Ренџерс и Тотенхем одиграа пријателски меч, кој им припадна на фудбалерите од Лондон со 2-1.

Предлог тип: Т2 1+I&1+II (2.45)

 

6034 Славија Прага – Андерлехт (21:00)

Денешниот меч за фудбалерите на Славија Прага можеби е последната шанса да фатат приклучок кон зоната која носи разигрување во Лигата на Европа, а за гостите можност да се зацврстат во топ-8. Токму затоа очекувањата се дека голови ќе има и во двете мрежи, со оглед на фактот дека и Славија и Андерлехт нема што да бранат на овој натпревар.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.60)

 

6702 Фиорентина – ЛАСК Линц (18:45)

По првите четири кола од Конференциската лига, Фиорентина има ефект од три победи и еден пораз, а денес за противник го има ЛАСК Линц, кој сè уште нема победа во ова натпреварување. „Виолетовите“ од Фиренца се фаворити, а тоа треба да го покажат вечерва и на зелениот терен и со победа да дојдат на чекор од обезбедување место помеѓу топ-8 екипите во Конференциската лига.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.81)

 

6025 П’лзењ – Манчестер јунајтед (18:45)

Интересен меч ќе се одигра и во Чешка, со оглед на тоа дека П’лзењ и Манчестер јунајтед имаат по девет освоени бода во Лигата на Европа, но јасно е кој е фаворитот на овој меч. Манчестер јунајтед со новиот тренер на секој натпревар оди на победа, па така ќе биде и денес на мечот против П’лзењ, а бодовите ќе им донесат прогрес на табелата и веројатно влез во првата осумка, која гарантира едно коло помалку напролет во разигрувањето.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.95)

 

6031 Порто – Митјиланд (21:00)

Порто е екипата од која се очекува да стигне далеку оваа сезона во Лигата на Европа, но досега освои само пет бода, па мечот против Митјиланд на домашен терен е шанса за бодови и за зацврстување на позицијата во разигрувањето. На досегашните пет меча на Порто во Лигата на Европа се постигнати вкупно 20 гола или во просек по четири на натпревар.

Предлог тип: 1 & 0-29min (1.86)

- Оглас -

Најнови вести