Ќе се слави во соседството – Британската Баба Ванѓа гледа на Аспарагус и знае кој ќе биде светски првак во Катар

Британската јасновитка Џемима Пакингтон, или попозната како Мистик Вег нема дилеми која репрезентација ќе го освои пехарот на Мундијалот во Катар, што ќе се игра во ноември и декември оваа година.

Британската Баба Ванѓа гледа во иднината со помош на Аспарагус и тврди дека Хрватска ќе оди еден чекор понатаму и светското сребро од Русија во 2018 година ќе го преточи во шампионска круна во Катар.

„Точно ги предвидувам работите со сигурност од 75 до 90 посто и нов светски првак во фудбал ќе биде Хрватска. Велат дека моите предвидувања се контроверзни, но јас само кажувам што ми велат моите аспарагуси“, изјави Пакингтон.

Таа најави дека Светското првенство ќе го следат неочекувани контроверзи, а шампиони ќе бидат Коцкестите.

Јасновитката од Бат, Англија погоди дека Велика Британија ќе успее да излезе од ЕУ со познатиот Брегзит, потоа и дека принцот Хари и Меган Маркл ќе го напуштат кралското семејство, а го најави и политичкиот подем на актуелниот британски премиер Борис Џонсон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести