Бројот на повредени навивачи кои беа прегазени на прославата на титулата постојано расте. Првично беше објавено дека се повредени 79 лица, но сега таа бројка порасна на 109, а четворица се хоспитализирани со тешки повреди.
Претставниците на полицијата во Ливерпул изјавија дека истрагата е сложена и се уште е во тек, а веќе пред истражен судија се појави поранешниот британец маринец, Пол Дојл, кој со автомобил влета во толпата.
Тој е обвинет по седум основи, а рочиштето на кое треба да се изјасни за вината е закажано на 14 август. Дотогаш останува во притвор.
Навивачите на Ливерпул ја прославуваа рекордната 20-та титула во англиската елитна лига, кога сцените на радост се претворија во хорор.